Намирници што ќе ве разбудат наутро без кафе

Колку и да е планетарно популарно кафето, секогаш има луѓе што едноставно не го сакаат неговиот вкус. Но тоа не значи дека наутро треба да бидете сонливи и тромави. Едноставно, својата доза кофеин земете ја од други напивки, како чај или кашест сок. За почеток, пробајте ги следниве намирници.
Комбухата сигурно е сѐ поприфатен ферментиран пијалак, кој се добива од габата комбуха, пред сѐ поради нејзините здравствени ефекти. Сигурно ќе ви
даде доволно енергија да го започнете денот.
Чајот без проблем ќе ве расони, пред сѐ зелениот, кој е совршен за будење. Кај нас е популарен и рускиот (вид индиски чај, спој на црниот, кој содржи кофеин и внимателно одбрани зачини, кои ќе ве разбудат и загреат).
Зелениот кашест сок е полн со здрави состојки и добро ќе ве подготви за сите дневни предизвици. Топлото чоколадо, освен што има пријатен вкус, убаво ќе ве загрее и ќе ве подготви за денот пред вас. Вода со лимон е одлична за будење. Оваа едноставна напивка, освен што е здрава, убаво ќе го хидрира вашето тело по долгата ноќ.