Тофу – крал на веганските протеини

На врвот на листата на производи што имаат најмногу вегански протеини е тофуто. За него може да се каже дека е крал на веганските протеини. Можете да го купите во повеќето супермаркети и да го приготвите на различни начини, а да го ароматизирате по сопствен вкус.
Екстремно нискокалорично и богато со калциум и фосфор, тофуто е идеална храна ако држите диета, но проверете дали внесувате доволно протеини. Сто грама тофу содржи 8 грама протеини.
Меѓу другите е амарантот, кој, како и многу други житарки, е одличен извор на магнезиум и железо и е еден од ретките растителни извори на целосен протеин (13 грама протеин на 100 грама). Можете да го користите како замена за ориз или компир и со тоа да го збогатите секој оброк со хранливи материи.
И леќата е исто така богата со хранливи материи и се смета за еден од главните извори на протеини за веганите. Сто грама леќа содржи 9 грама протеини, а за понатамошно зајакнување на нејзината хранлива вредност, натопете ја во вода и оставете ја да ‘рти, така што, покрај протеините, ќе добиете здрава доза на железо и витамин Ц.