Сејтан, темпех и едамам помалку познати веге-протеини

Во прилог е листа на најдобрите вегански протеини што ќе додадат разновидност во вашата исхрана и се одлична замена за месото и животинските производи.
Сејтан – направен од глутен од пченица, сејтанот е одлична замена за месото. Покрај тоа што можете да го маринирате, можете да приготвите сејтан на повеќе начини на кои би приготвувале пилешко или свинско месо. Не содржи холестерол, но има големо количество калциум и железо и дури 75 отсто протеини.
Темпех – направен е од ферментирана соја и содржи доволно хранливи материи што ќе ви дадат енергија во текот на денот. Неговата текстура е слична на сејтан, а исто така можете да го маринирате, пржите или печете. Сто грама темпех содржи 18 грама протеини, што значи дека три или четири парчиња темпех се споредуваат со две големи јајца.
Едамам – младата соја, или едамам, е меѓу главните јадења во Источна Азија со векови. Едамамот е популарен денес низ целиот свет поради неговата висока содржина на протеини (11 грама протеини на 100 грама) и поради неговото лесно приготвување – доволно е да се готви и да се излупи за да добиете вкусен прилог на вашиот оброк. Покрај протеини, едамамот содржи и исклучително големо количество калциум и магнезиум.