Што да јадете за подобар имунитет?

Истражувачите откриле дека луѓето што јаделе храна богата со флавоноиди имале помала веројатност да добијат инфекција на горните дишни патишта или обична настинка. Здравата урамнотежена исхрана е еден од начините за јакнење на имунолошкото здравје, што може да помогне во намалување на шансите коронавирусот да го пронајде патот до вас.

Боровинките, освен витаминот Ц, содржат вид флавоноид наречен антоцијанин, кој има антиоксидативни својства, што можат да помогнат во јакнењето на имунолошкиот систем. Сите цитруси, пред сѐ портокалите, но и кивито се одличен извор на витамин Ц, но го содржат и пиперките. Брокулата е уште еден извор на витамин Ц. Содржи и антиоксиданси, како сулфорафан.

Жителите на Кина и на Далечниот Исток редовно користат ѓумбир во различни јадења и десерти, а го стават и во чај. Според истражувањата, ѓумбирот е одличен антиоксиданс и дејствува против воспаленија. Куркумата е жолт зачин што се користи при готвење, а ја има и во некои алтернативни лекови. Семките од сончоглед може да бидат вкусен додаток за разни салати, но и на житарките за појадок. Тие се богат извор на витамин Е, важен антиоксиданс. На ист начин, како и другите антиоксиданси, витаминот Е ја подобрува имунолошката функција преку борбата со слободните радикали.