Австралијците полудеа по едноставен колач со две состојки

Љубителите на слатките во Австралија се луди по вкусен колач што се приготвува само со две состојки. Станува збор за многу едноставен рецепт, кој лесно можете да го приготвите и вие дома. Сигурно ќе им успее и на оние што не се толку вешти во кујната, бидејќи едноставно не може да се згреши.
Овој рецепт почна да се шири преку социјалните мрежи во Австралија, а набргу по него полуде и остатокот од светот.
Сѐ што вие потребно за овој десерт е мешавина од бисквит од ванила и компот по ваш избор (повеќето го користат оној од јаболка). Иако многумина мислат дека не може да се направи колач без млеко, јајца, путер, изгледа дека тоа сепак е можно.
Купете мешавина за колач во блискиот маркет, исцедете ги јаболката и додајте ги со мало количество од сокот во кој стоеле. Можете да додадете и малку цимет за арома. Сѐ добро се меша и се става во калап за печење. Се пече на 160 степени.