Колку долго можете да го чувате лукот?

Лукот е зеленчук што го има во секој дом и често се користи во кујната, без оглед на годишното време. Меѓутоа, многумина не знаат колку долго и на кое место можат да го чуваат лукот, пред да се расипе.
Мора да се знае дека лукот што го купуваме во продавница е исушен, а тоа значи дека лушпата се намалила и создала бариера што го штити од оштетувања од влагата. Сушениот лук може да трае пет-шест месеци ако правилно се чува, бидејќи благодарение на лушпата, тој самиот ја чува внатрешноста.
Најдобро е да остане цел и да не се одделуваат чешнињата. Ако го сторите тоа, се намалува рокот на траење.
Бидејќи влагата е непријател на лукот, тој се чува на суво и студено место, најдобро во фрижидер. А ако забележиме кондензација, треба да го избришеме со крпа.
Исто така тој може да се чува во оцет или да се замрзне. Како да препознаете дека му поминал рокот? Има неколку показатели: темни дамки и промена на бојата, ако е мек и ако изртил од лушпата.