Како да ги користите зачините правилно

Иако можеби не сте уметници во готвењето, со малку труд можете да станете вистински шеф. Рецептот за тоа е правилна употреба на зачините.
Повеќето зачини најдобро е да се додадат на почетокот на готвењето, бидејќи така ќе имаат најголем ефект. Зачините што сигурно треба да ги ставите на почетокот се оние во покрупни зрна или парчиња, како црн пипер, ѓумбир, каранфилче и слично. Црвениот пипер се става постепено, во неколку наврати.
Пред крајот на готвењето се ставаат зелените зачини: магдонос, мента, босилек, темјан и слично. За пуштање есенцијални масла им е потребно само да се загреат. Малку порано или на самиот почеток можете да ставите рузмарин, лавров лист, оригано, бидејќи тие постепено ја испуштаат аромата.

А тој процес можете да го забрзате доколку овие зачини ги иситните меѓу прстите пред да ги додадете во јадењето што го готвите.
Во студени јадења, како преливи за салати, овошје и овошни сокови, зачините се ставаат неколку часа пред послужувањето. Кога станува збор за количеството на зачин што ќе го ставите, тоа зависи од видот на јадењето, вкусот и за колку лица готвите. Приближно се става една четвртина чајно лажиче зачин за оброк за четири лица. Поострите зачини, како што е лукот, се ставаат во помали количества – една осмина чајно лажиче.