Камилица за намалување на стресот, жалфија против грип

Чајот, покрај здравата и разновидна исхрана, е одличен за подобар имунитет. На пример, чајот од камилица помага во зајакнување на имунитетот, но го намалува и стресот, што е важно за здравјето на срцето. Камилицата, исто така, содржи флавоноид наречен апигенин, за кој се верува дека помага во спречување на малигните заболувања.
Деновиве можете да консумирате и чај од жалфија, билка што е природен антибиотик и која помага во зајакнување на организмот, но и против грип, настинка, засипнатост, воспаление на грлото. Некои истражувања покажаа дека е добра превенција од Алцхајмерова болест.
И чајот од мајчина душица, билка богата со витамин Ц, го зајакнува имунитетот. Исто така, содржи есенцијални масла, што го прави добар сојузник во борбата против бактериите и габите. Мајчината душица е богата и со бакар, калциум, фосфор, цинк.