Диета со лубеница ќе ви помогне брзо да ослабите

Лубеницата е вкусна, освежувачка, здрава и евтина. Ова овошје содржи 92 отсто вода, што е одлична опција за сите што сакаат да ослабат. Водата во лубеницата го поттикнува слабеењето со измивање на токсините и го намалува апетитот.
Консумирањето на лубеница ќе ви обезбеди хидратација, а ако внесувате многу вода, вашето тело ќе работи оптимално. Исто така, ако јадете лубеница, нема да чувствувате ни глад ни жед. Ова овошје содржи 1,1 грам растителни влакна, што ќе ви помогне да се чувствувате сито, а истовремено ќе го намалите нивото на мастите во крвта и ќе го збогатите организмот со витамини и минерали.

Диетата со лубеница може да се држи од 5 до 7 дена. Таа има неколку верзии, а најпопуларна е детоксикациската диета. Во првата фаза се јаде само лубеница три дена. Потоа постепено се додаваат оброците, така што вечерата се заменува со порција лубеница. Со оваа диета можете да изгубите и до 5 килограми за седум дена. Но внимавајте, поради големиот процент на вода, може да имате дијареја и надуен стомак. Затоа диетата не им се препорачува на трудници и на лица со послаб имунолошки систем.