Вишната е одличен антиоксидант

Сезона е на вишните, вкусно овошје што важи за одличен антиоксидант, а помага и во борбата против стареењето и е одличен сојузник во борбата против првут во косата. Замрзнати или конзервирани, вишните исто така се одличен антиоксидант, но не може да се споредат со свежо набраните, па затоа уживајте деновиве во ова здраво кисело-слатко овошје.

Една порција вишни дава три грама растителни влакна, што може да помогне за поттикнувањето на бактериите во цревата и за зачувувањето на имунолошкиот систем, велат стручњаците. Исто така, вишните може да помогнат и во намалувањето на тегобите кај артритис. Вишните се добри и против несоница, го регулираат крвниот притисок, го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, ве прават помлади и ги јакнат коските.

Освен тоа, вишните се алкални, па кога ќе се зголеми нивото на киселината во телото, ја одржуваат рамнотежата. Вишните ја неутрализираат киселоста на нашето тело и ги спречуваат проблемите со желудникот и други проблеми со варењето. Тие го поттикнуваат и создавањето црвени крвни зрнца, а тоа ја поттикнува циркулацијата, што, пак, ја зголемува енергијата.