Пет правила за совршен домашен леден чај

Ледениот чај е совршен пијалак за летните денови што се пред нас, тоа е исклучително здрава напивка за деца и за возрасни и одлична замена за вештачките овошни сокови. Не само што освежува туку може да го намали и ризикот од Алцхајмеровата болест и од дијабетес, како и да го зачува здравјето на забите и непцата и да ги зајакне коските.
Искористете свеж чај: чајот е богат со антиоксиданти (флавоноиди), кои се најмоќни кога е свеж. Во специјализирани продавници или на пазарите можете да купите свеж чај, бидејќи маслата што го даваат вкусот со текот на времето се губат.

При подготовка користете дестилирана или филтрирана вода: премногу минерали во контакт со состојките од листовите на чајот можат да создадат непријатни вкусови.
Водете сметка за температурата: за црн и растителен чај водата треба да зоврие, но за зелен и светол чај таа треба да биде 75-80 степени.
Употребете доволно количество чај: за една шолја треба една до две лажички чај со големи листови или цветови.
Оставете го чајот во водата доволно долго за да испушти вкус, но не претерувајте: црниот чај и другите темни чаеви треба да стојат во вода 3-5 минути, а зелениот и белиот од 2 до 3 минути.