Црниот грав, иако не е карактеристичен за нашата традиционална кујна, сепак е одличен за целокупното здравје на организмот. Богат е со растителни влакна, протеини и фолна киселина. Околу 170 грама црн грав содржи: калории 227; протеини 15,2 грама; растителни влакна 15 грама; фолна киселина 64 проценти од дневната препорачана доза; манган 38 проценти од дневната препорачана доза; магнезиум 30 проценти од дневната препорачана доза; витамин Б1 28 проценти од дневната препорачана доза; железо 20 проценти од дневната препорачана доза.

Црниот грав успешно го намалува количеството на шеќер во крвта што се создава веднаш по јадењето. Исто така го намалува ризикот од прекумерна тежина. Црниот грав има помал гликемиски индекс во споредба со другите храни богати со јаглехидрати. Тоа значи дека шеќерот во крвта нема, или многу малку ќе се покачи по консумирањето црн грав.

Неколку студии покажаа дека на луѓето што јаделе црн грав со ориз, по оброкот нивото на шеќер во крвта им било минимално покачено во споредба со оние што јаделе само ориз.