Мешунките се јадат насекаде низ светот. Полни се со растителни влакна и со витамините од групата Б. Тие се одлична замена за месото и нудат голем број здравствени придобивки, па затоа треба да се дел од неделното мени кај секој човек.

Леблебијата е одличен извор на растителни влакна и протеини. Многу научни истражувања покажуваат дека леблебијата помага во намалувањето на телесната тежина, намалувањето на ризик-факторите за срцеви болести, па дури и канцер, специјално кога таа се консумира како замена за месо. Леќата е одличен извор на вегетаријански протеин и може да биде додадена во супи и во разни зготвени јадења.

Слично како и кај леблебијата, леќата помага во намалување на шеќерот во крвта. Грашокот е мешункасто растение што дава голем број здравствени придобивки за целокупниот организам на човекот. Како и другите мешунки, грашокот е одличен извор на растителни влакна и протеини. Црниот грав, иако не е карактеристичен за нашата традиционална кујна, сепак е одличен за целокупното здравје на организмот.

Богат е со растителни влакна, протеини и фолна киселина. Црниот грав има помал гликемиски индекс во споредба со другите храни богати со јаглехидрати. Иако за сојата имаше голем број негативни кампањи, сепак сојата треба да ја вклучите во своето мени. Сојата е богата со антиоксиданси, познати како изофлавони, кои се одлични за здравјето.