Црното чоколадо е богато со нутриенти што може позитивно да влијаат на вашето здравје. Направено е од семе од дрво од какао и е еден од најдобрите извори на антиоксиданти на планетата. Студиите покажуваат дека црното чоколадо може да го подобри здравјето и да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Доколку купите квалитетно црно чоколадо со висок процент какао во составот, тогаш сте купиле нутритивна бомба. Содржи големо количество растворливи растителни влакна и е богато со минерали. Црното чоколадо е одличен извор на антиоксиданти. Богато е со органски состојки што се биолошки активни и функционираат како антиоксиданти. Тука спаѓаат полифеноли и флаваноли. Една студија покажала дека какаото и црното чоколадо имаат поголема антиоксидантна функција од многу овошја, како што се боровинките.

Флавоноидите во црното чоколадо може да ги стимулираат вените да произведуваат повеќе азотен оксид. Една од функциите на азотниот оксид е да испраќа сигнали до артериите да се релаксираат, што пак го намалува притисокот на движењето на крвта, па со тоа го намалува и крвниот притисок. Какаото сериозно го намалува лошиот ЛДЛ-холестерол, а биоактивните состојки со кои изобилува црното чоколадо може да бидат одлични и за кожата.