Нането е сродна билка на пеперминтот и спеарминтот, кои припаѓаат на родот мента. Заедничко за сите овие билки е тоа што кога ги консумираме имаат ефект на ладење. Можат да бидат додадени како зачини во храна во свежа и во сушена форма или, пак, од нив да се приготвува чај.

Нането е популарна состојка во многубројни светски рецепти и напитоци, почнувајќи од чаеви па до алкохолни пијалаци, сосови, салати и десерти.

На нашето поднебје, нането како зачин се користи најчесто во гравче, но и како чај. Нането не е често застапено во менито кај многумина. Меѓутоа, треба да знаете дека е богато со нутриенти што нудат одлични позитивни ефекти за организмот и за севкупното здравје. Поради силната арома по која е карактеристично, нането се додава како зачин во многу мали количества, па дури и консумирањето на оваа грамажа е тешко да се достигне. Затоа вметнувајте го во салати.

Одличен извор е на витаминот А, кој е клучен за здравјето на очите. Одличен извор е на антиоксиданти, особено ако го споредиме со другите билки и зачини. Антиоксидантите помагаат да се елиминира оксидативниот стрес, кој, пак, им прави штета на ќелиите.

Нането лесно може да го додадете во секоја салата што ја консумирате, во кашести сокови, во десерти па и во вода. Чајот од нане е друг популарен начин да го вметнете во исхраната.