Грашокот е мешункасто растение што дава голем број здравствени придобивки за целокупниот организам на човекот. Околу 160 грама грашок содржи:

калории 125;
протеини 8,2;
растителни влакна 8,8 грама;
фолна киселина 24 отсто од дневната препорачана доза;
манган 22 отсто од дневната препорачана доза;
витамин К 48 отсто од дневната препорачана доза;
витамин Б1 30 отсто од дневната препорачана доза.

Како и другите мешунки, грашокот е одличен извор на растителни влакна и протеини. Многубројни истражувања покажуваат дека грашокот има голем број здравствени придобивки. Една студија направена кај 23 лица со прекумерна тежина и високо ниво на холестерол во крвта, покажала дека јадењето 50 грама грашок дневно, во период од 28 дена, го намалува нивото на холестерол и шеќер во крвта. Поради тоа што растителните влакна ги хранат добрите бактерии во цревата, грашокот помага во одржување на имунитетот, кој доаѓа токму од здравјето на цревата.