Чувствувате замор и недостиг од енергија, имате подочници што не можете да ги скриете ниту со најдобра шминка, а кожата ви е сува? Ова се знаци дека телото ви е затруено со токсини, а оваа состојба на организмот ќе ве направи идеален кандидат за вируси и настинки.

САБОТА:
Кога ќе се разбудите, веднаш испијте 2,5 децилитри млака вода
Појадок: филџан овесни снегулки со лажица ленено семе, 2 дл млеко или диетален јогурт, половина филџан зрнесто овошје, 2,5 дл негазирана вода, шолја зелен или црн чај.
Ужина: грејпфрут
Ручек: ослич на жар (250 г), блитва со компир на маслиново масло (шолја), 2 шолји салата (зелена, рукола, домати), со маслиново масло и лимонов сок, банана, во лето парче диња, 2,5 дл негазирана вода.
Ужина: јаболко, 1,8 дл јогурт, 1/4 шолја семки од тиква несолени, 2,5 дл негазирана вода.
Вечера: парче туна печена на скара во фолија (150 г), 2 шолји салата со маслиново масло и лимонов сок, 1/2 шолја зеленчук приготвен на пареа (спанаќ, брокула), интегрален леб, 2,5 дл негазирана вода, чај од анис.

НЕДЕЛА:
Кога ќе се разбудите, веднаш испијте 2,5 децилитри млака вода
Појадок: филџан овесни снегулки со лажица ленено семе, 2 дл млеко или диетален јогурт, зелен чај, круша.
Ужина: грејпфрут
Ручек: чорба од зеленчук (морков, грст грашок, кромид,чешне лук, црн пипер, целер, домати, 200 г пилешки гради, краставица (150 г), 2,5 дл негазирана вода,
Ужина: јаболко, 2,5 дл негазирана вода.
Вечера: салата (рендан морков и цвекло, зачинети со лимонов сок), интегрален леб, чај од коприва.