Бразилската манекенка Жизел Бундхен, која е и амбасадорка на ОН за добра волја, на специфичен начин одлучи да ѝ се заблагодари на мајката природа за сѐ што ѝ подарила.
На својот 40-ти роденден со помош на пријателите таа засади 40.000 стебла и на тој начин даде свој придонес во заздравувањето на природата.
– Едноставно не можам да верувам дека полнам 40 години. Со овој роденден отворам ново поглавје во својот живот, па затоа одлучив да го направам овој чекор и да го прославам јубилејниот роденден – напиша манекенката на својот инстаграм-профил.
Во садењето учествувале и нејзините деца и сопругот, познатата НФЛ-ѕвезда Том Бреди.
Жизел и порано имаше слични иницијативи, па затоа садењето дрвја не ѝ е непознато, како и грижата за околината.