Рециклажата едноставно е процес на претворање на отпадниот материјал во нови предмети. Постојат различни ставови за тоа дали рециклажата е добра или не, но и во која фаза производот треба да се рециклира. Уште една непозната област кога станува збор за рециклажата се економската и еколошката корист од неа, кои зависат од видот на отпадниот материјал што се рециклира.

Меѓутоа, и покрај различните погледи и мислења за рециклажата, постојат некои интересни факти што се значајни и треба да се знаат, без разлика каков став и мислење имате за рециклирањето.

1. Рециклажата на една конзерва штеди доволно енергија за снабдување струја за телевизорот во време од три часа или за заштеда на два литри бензин.

2. Рециклирањето еден тон хартија штеди околу два и пол тони масло, 26 тони вода и околу три кубни метри депонија.

3. Енергијата заштедена од рециклирање на едно стаклено шише може да се искористи за светење на светилка од 100 вати за околу четири часа. Исто така, предизвикува 20 отсто помала загаденост на воздухот и 50 отсто помала загаденост на водата, отколку да се направи ново шише од суровиот материјал.

4. За производство на тоалетна хартија дневно се сечат 27.000 стебла.

5. Рециклирањето на едно пластично шише може да зачува доволно енергија и да осветли светилка од 60 вати до шест часа.

6. На стакленото шише му е потребно повеќе од 4.000 години да се распадне, а уште повеќе доколку се наоѓа на депонија.

7. Над илјада морски суштества годишно умираат затоа што голтаат пластични ќеси што личат на медузи.