Чувството на задоволство не доаѓа веднаш, туку со текот на времето, така што на крајот од еден исполнет ден сме посреќни отколку кога ќе легнеме со чувство дека сме потрошиле часови на ништо. Особено сме задоволни од работите што ги прошируваат нашите сопствени хоризонти и ни овозможуваат да оствариме пријателства и емотивни врски со другите.
Трчајте – Занимавањето со некој спорт се покажа како најдобар лек за депресија, а ништо не е толку едноставно и достапно како трчањето низ населба, парк или шума. Ставете ги слушалките во ушите и трчајте кон среќата. Единственото нешто на што треба да обрнете внимание е да не трчате премногу брзо.
Напишете писмо – Сигурно познавате некој со кого многу сте се дружеле, но не сте се виделе долго време затоа што не живеете во исти градови или животот едноставно ве разделил. Напишете писмо до таа личност и кажете ѝ што се случило откако последен пат сте се слушнале.
Подарете насмевка – Смеењето е бесплатно, а и научно е докажано дека ги прави луѓето среќни. Имено, додека се смееме, се создаваат ендорфини и чувството на удобност се шири низ целото тело.
Пејте – Пуштете музика и пејте ги вашите омилени песни. Пеењето ќе ви помогне за момент да заборавите на сите грижи и да ги опуштите вашето тело и душа.
Пријавете се на некој квиз – Учеството на квиз е бесплатно, а вие можете да профитирате само од освоени награди и нови познанства. Ако се плашите дека ќе бидете засрамени од евентуалното незнаење, имајте на ум дека по неколку дена веќе никој нема да се сеќава на вашиот неуспех.

Дарувајте крв – Не ве чини ништо, а можете некому да му го спасите животот. Ако сте здрави, тогаш ништо не ве спречува да донирате.
Спасете ја планетата – Бидете меѓу ретките одговорни и свесни луѓе што рециклираат ѓубре и не фрлаат хартии и гуми за џвакање на подот. Придружете се на некоја екоорганизација и ширете ги зелените принципи меѓу вашите пријатели.
Разгледајте го градот во кој живеете – Ако немате пари за скапи патувања низ целиот свет, откријте ја шармантноста на градот во кој живеете. Сигурно ќе научите голем број интересни работи што досега не сте ги знаеле или очекувале.
Читајте – Книгите можат да се позајмуваат евтино во библиотека или бесплатно од пријатели. Читањето ве прави среќни затоа што за момент ве носи во целосно нов свет.