Анкета

Речиси половина Британци сметаат дека ексклузивното интервју што Хари и Меган ѝ го дадоа на Опра Винфри било недолично. Според анкетата што ја спроведе „Југов“, во која учествувале 2.111 лица, 47 отсто сметаат дека интервјуто било недолично, а 21 процент од анкетираните сметаат дека било во ред.
Една третина од Британците немаат никакви симпатии за Хари и Меган, а 23 отсто велат дека „не им се баш симпатични“, додека 12 проценти изјавиле дека им е многу симпатична двојката што лани го напушти кралското семејство, чии членови во интервјуто ги обвинија за расизам.
Голема е поделеноста меѓу возрасните групи на кои им биле поставени прашањата. Така, 49 отсто на возраст меѓу 18 и 24 години сметаат дека интервјуто било коректно, додека 68 проценти постари од 65 години не се согласуваат со тоа. Во групата на лица од 50 до 65 години, 65 отсто од анкетираните веруваат дека интервјуто било недолично, за 12 проценти било во ред, а 23 отсто не се сигурни во тоа.