Мики Маус не е нацртан од Волт Дизни

Иако Волт Дизни ја имал првичната идеја за Мики Маус и го позајмил гласот за овој цртан лик, сепак неговиот изглед е создаден од аниматорот Уб Иверкс, кој ги илустрирал сите негови особини.

Фидел Кастро преживеал 600 атентати

Кубанскиот диктатор имал многу непријатели и политички противници, а меѓу нив биле САД и американската мафија. Фидел Кастро преживеал 600 обиди за атентат, а во обидите за негово убиство била искористена и цигара со експлозив, како и отровен костим за нуркање.

Мисирките и Маите

Во 300 година пр. н.е. Маите ги сметале мисирките за отелотворени богови, кои ги почитувале до тој степен што свештениците ги припитомувале и ги внесувале во ритуалите. Тие претставувале симбол на моќ и престиж, поради што можат да се забележат насекаде во иконографијата и археологијата на Старите Маи.