Могилата на тракискиот крал Севтес

Могилата на кралот Севтес Трети е една од најголемите гробници од периодот на античка Тракија. Таа се наоѓа на еден километар од градот Шипка, Бугарија. Гробницата се состои од дромос, кој е долг 13 метри и три простории. Првата просторија е правоаголна и е покриена со лажен свод. Во неа е пронајден скелет на коњ. Втората просторија има кружен облик и куполен покрив, висок 4,5 метри. Оваа просторија има мермерна врата на која се претставени Хелиос и медузата Горгона. Третата просторија е монолитен гранитен блок – саркофаг со тежина од 60 тона. Гробницата беше истражувана од страна на археолошки тим во 2004 година, а според последните наоди, се верува дека на локалитетот има поголем неоткриен објект.
Во гробницата се пронајдени раскошни предмети. Меѓу нив е златен венец од дабови листови и желади, садови за пиење вино, бронзен шлем со позлатена апликација, железен меч со златна апликација, тркалезна златна апликација со глава на лав и др.
Во гробницата не се пронајдени човечки остатоци, освен три заба на 12-годишна личност што биле расфрлани во кружната комора. Седум метри пред фасадата е пронајдена бронзена глава од статуа на средно вечен маж со брада и мустаќи. Се верува дека бронзената глава го претставува ликот на тракискиот крал Севтес Трети, врз основа на карактеристиките и начинот на изработка, исто така, се верува дека е ремек-дело на Силанион, еден од најпознатите атински скулптори.


Градината Литлфилд

Градината Литлфилд се наоѓа во кампусот на универзитетот „Мејн“ во Соединетите Американски Држави. Градината беше основана во 60-тите години на 20 век од страна на Л.Е. Литлфлд – професорка по хортикултура. Во градината е сместена постојана колекција на дрвја и тревни украси, како и центар за истражување за хортикултура. Во градината има 2.500 примероци на дрвја и тревни растенија, а меѓу нив има јорговани и магнолии. Во рамките на градина постојат и оранжерии, кои опфаќаат 15.000 квадратни метри. Оранжериите се состојат од околу 200 вида тропски и пустински видови растенија од целиот свет.


Црквата „Сан Жил Абад“

По освојувањето на Сарагоса од страна христијанската армија била изградена првата црква во стилот на романската архитектура. Во средината на 14 век првобитната црква била уништена и била изградена нова. Денешната црква е единечна со две полигонални апсии и капела во задниот дел.
Главниот влез бил изграден во 1640 година, а внатрешниот дел датира од 1719 и 1725 година кога црквата била реновирана во стилот барок, во внатрешниот дел има фреска и седум слики на платно.


Церера

Церера е најголемиот објект во главниот астероиден појас што се наоѓа помеѓу орбитите на Марс и Јупитер. Церера всушност е единствената џуџеста планета што во овој момент е во орбитата на Нептун. Оваа џуџеста планета е 25-то најголемо тело во нашиот Сончев Систем. Церера беше откриена на 1 јануари 1801 година од Џузепе Пјаци во астрономската опсерваторија во Палермо. Во јануари 2014 година беа откриени емисии на водени пареи во неколку региони на Церес. Именувана е според римската божица Церера – божица на плодородството и подземниот свет.