Треченто

Треченто е италијанска уметност од 16 век. Се карактеризира со енергична активност во сликарството, литературата, архитектурата и музиката. Во периодот на тречентото, тосоканскиот дијалект станал основа за италијанскиот книжевен јазик благодарение на делата на Бокачо, Данте и на Петрарка.

 


Свети Китс

Свети Китс е остров во Карипско Море, дел од Заветрените Острови, подгрупа на Малите Антили. На запад, Свети Китс излегува на Карипско Море, а на исток на Атлантски Океан. Има околу 37.000 жители, а најголемиот број имаат африканско потекло. Во Свети Китс се наоѓа националниот парк Хил Фортрес, кој е заштитен од страна на УНЕСКО.


Сијамска мачка

Сијамската мачка се разликува од другите раси што потекнуваат од Далечниот Исток. Нејзиното потекло е непознато, но се верува дека потекнува од Југоисточна Азија, поточно од Тајланд (поранешно име Сијам). Во 20 век, станува една од најпопуларните мачки во САД и во Европа.


Ерл греј

„Ерл греј“ е мешан чај, со карактеристичен вкус и арома, кој се добива со масло од кората на бергамот (ароматичен агрум). Во минатото под „ерл греј“ се подразбирало црн чај, но денес се однесува и на белите и зелените чаеви што содржат бергамово масло.


Свети Теодор

Свети Теодор е христијански маченик и светец од 4 век. Според христијанската традиција, Теодор бил војник во градот Амасија, кога почнало гонењето на христијаните од страна на римските императори. Во текот на прогоните, бидејќи не сакал да се откаже од христијанската вера, бил изведен пред суд и затворен во самица. На 17 февруари 306 година, свети Теодор бил запален на клада.


Волшебник

Во легендите, митологијата и фолклорот, волшебникот е човек што практикува натприродна магија. Најпознат волшебник е Мерлин, славен лик во легендата за кралот Артур. Мерлин се преправил во старец и помогнал во раѓањето на Артур, а подоцна бил негов советник.


Здравица

Поемата „Здравица“ е напишана од словенечкиот поет Франце Прешерн. Во самиот текст на поемата, авторот го искажува слободното мислење на Словенците и другите Јужни Словени. Прешерн ја промовира идејата за обединета Словенија, која станала дел од политичката програма од револуционерната 1848 година. Седмата строфа од поемата „Здравица“ е текст на националната химна на Република Словенија од 1989 година.


Подводен вулкан

Подводниот вулкан во споредба со другите вулкани се наоѓа под океан или море. Од неговиот отвор може да излегува магма. Според некои податоци, околу 75 отсто од целата магма што излегува од земјината површина потекнува од подводните вулкани. Вкупниот број на подводните вулкани е околу еден милион.