Човекот со најдолги дланки во светот

Најдолгите дланки на жива личност во светот му припаѓаат на Турчинот Султан Кесен, кој е роден во 1981 година. Должината на неговите дланки има димензија од 28,5 см, од зглобот до врвот на средниот прст. Последен пат должината на неговите дланки е измерена на 8 февруари 2011 година од страна на медицинско лице во болница во Анкара, главниот град на Турција. Кесен исто така има и најширок распон на рацете.


Најдебелите близнаци во историјата

Били и Бени Мекери, познати како Мегваер, од Соединетите Американски Држави се најдебелите близнаци што се забележани во историјата. До својата шестгодишна возраст имале нормална дебелина, меѓутоа во ноември 1978 година Били и Бени имале тежина од 337 и 328 килограми, а должината на нивниот струк изнесувала 2,13 метри.
Близнаците биле професионални борачи, поради што својата тежина секогаш ја одржувале до 349 кг. Били починал на Нијагарските Водопади од срцева слабост и пад од велосипед. Неговиот брат исто така починал од срцева слабост, на 26 март 2001 година.


Гери Тарнер – човекот со најеластична кожа

Гери Тарнер од Обединетото Кралство е во состојба да ја истегне кожата на својот стомак во должина од 15,8 см, поради ретката медицинска состојба што е позната како Елерс-Данлосов синдром. Ова нарушување е поврзано со сврзувачките ткива што влијаат на кожата, лигаментите и внатрешните органи.
Колагенот што ја зајакнува кожата и ја одредува нејзината еластичност, поради Елерс-Данлосовиот синдром станува нефункционален, поради што доаѓа до олабавување на кожата и хипермобилност на зглобовите. Во посериозни случаи може да дојде до фатален колапс или прекин на крвните садови.


Најшироката човечка уста

Најшироката уста има димензии од 17 см, а му припаѓа на Франциско Доминго Хоаким, познат како Чикињо. Тој е роден во африканската држава Ангола, а неговата уста беше измерена во текот на едно италијанско шоу на 18 март 2010 година.


Човекот со најдолги мустаќи

Најдолгите мустаќи на светот имаат должина од 4,29 метри и му припаѓаат на Индиецот Рам Синг Чаухан. Неговите мустаќи беа измерени на 4 март 2010 година во Рим, Италија, во текот на една италијанска емисија.


Најдолгиот нос

Најдолгиот нос на една жива личност има должина од 8,8 см, а му припаѓа на Турчинот Мехмет Озирек. Неговиот нос беше измерен на 18 март 2010 година во Рим, Италија, во текот на емисија што ги истражува овие занимливости.