Ѕидот на плачот

Ѕидот на плачот е единствената структура што е зачувана од т.н. Втор храм на Соломон во Ерусалим. Споменатиот храм е изграден од страна античкиот владетел Ирод Велики, кој всушност го разубавил и проширил храмот што бил изграден од кралот Соломон и од неговиот син Давид. Првиот храм бил изграден во десетиот век пред нашата ера, а вториот храм бил разурнат од страна на Римската Империја во седумдесеттата година од нашата ера. Во минатото и денес, Ѕидот на плачот е најсветото место на Евреите и јудаизмот. Според еврејската традиција, овој храм е единствениот што постои бидејќи синагогата не се признава за храм. Покрај ѕидот речиси секогаш може да се забележат верници што се молат, а помеѓу отворите на ѕидовите понекогаш се ставаат молитви на верниците.


Исусовиот благослов

Исусовиот благослов е уметничко дело што е создадено од страна на италијанскиот ренесансен уметник Џовани Белини, најпознатиот од уметничката фамилија Белини. Уметничкото дело го прикажува Исус Христос како ја крева десна рака, а исто така може да се забележат и неговите рани на раката и на градите. Според истражувачите, сенките на портретот имаат цел да укажат на реалноста на Христовото воскресение. На ова уметничко дело може да се забележат повеќе симболи на христијанството, во заднината може да се видат неколку мотиви што асоцираат на воскресението. Исто така, може да се забележат исушено старо дрво и осамена птица, кои го симболизираат Стариот завет од кој се раѓа Новиот завет. Може да се забележат и два зајака, кои ја симболизираат регенерацијата, а трите фигури во долниот десен агол се трите Марии. Камбанаријата, која може да се види во заднина, всушност е порака дека спасението може да се најде преку црквата и Исус Христос.


Соѕвездието Скорпија

Соѕвездието Скорпија се состои од повеќе ѕвезди, а меѓу нив се Џуба, Графијас, Антарес, Алнијат и др. Соѕвездието е сместено во близината на центарот на нашата галаксија помеѓу соѕвездијата Стрелец и Вага. Во хеленската митологија соѕвездието Скорпијата се идентификува со скорпијата, која била испратена од Хера (жената на врховниот бог Зевс) за да го убие ловецот Орион. Скорпијата исто така се споменува во приказната за Фаетон, синот на Хелиос (сонцето). Фаетон ја возел сончевата кочија на својот татко, но ја изгубил контролата кога коњите се исплашиле од скорпијата и кочијата хаотично се движела низ небото.


Аргентинска дога

Аргентинската дога позната и како аргентински мастиф е раса што е создадена од страна на одгледувачот Антонио Норес Мартинез во 1928 година, Аргентина. Мартинез сакал храбро и лојално куче кон сопственикот, меѓутоа пред сѐ куче за лов на диви свињи и пуми.
Аргентинската дога всушност настанува со вкрстување на повеќе раси меѓу кои кордобско боречко куче, данска дога, бул териер, ирски волчјак, стар англиски булдог и др. Но кордобското боречко куче било одбрано како основа за расата, бидејќи се одликувало со својата големина, храброст, борбеност и ловечки способности.
Ова куче е има цврста и мускулеста градба на телото, неговата висина се движи помеѓу 60-68 см, а неговата тежина помеѓу 40-47 килограми. Аргентинската дога најчесто се користи за лов на крупен дивеч, а понекогаш се користи и од страна за службите за одржување на редот. И покрај тоа што има подобра социјализација со другите кучиња и се одликува со дружељубивост, оваа раса е забранета во неколку држави, како што се Обединетото Кралство, Сингапур, Нов Зеланд и др.