Неуморниот менаџер и чувар на спомените за некогашниот ноќен живот во Скопје, Милорад Цаиќ-Цајо, на 5 април, во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, организира ретро-забава за сите што се чувствуваат младо, а некогаш биле дел до скопската шема.

– Ќе ги собереме најдобрите диџеи на едно место, а загарантирана е забава од 21 часот до зори. Се надевам дека и овој пат ќе има многу средби, сеќавање на интересни приказни што биле дел од нечија младост.

Повод за забавата, насловена „Засекогаш млади“, е 50 години од отворањето на првото диско во Скопје и во Македонија, „Технометал“, а негови легендарни диџеи беа Васја Ивановски и Михаил Бошковски-Мице. Забавата ќе биде убава можност, барем за тие неколку часа, да се вратиме во безгрижните 1980-ти и 1990-ти години, кога ечеа најголемите светски хитови во скопските дискотеки – вели Цајо.

За добрата атмосфера ќе се погрижат ретро-диџеите: Вера Јанковиќ, Цена, Ерик Фокс, Баџо, Струја, Зоран Петров од Антена 5 и многу други.

Влезниците, по цена од 300 денари и поскапи, можат да се набават во „Југотон“, цвеќарницата „Розе“ во „Веро 2“ и онлајн.