Жоакин Феникс ќе го толкува Џокер, познатиот негативец од стриповите „Бетмен“ и од истоимениот филмски серијал. Во најновиот филм токму тој, Џокер ќе биде главен лик, објави „Холивуд рипортер“.
Приказната ќе раскажува за почетоците – како Џокер станал психопат, криминалец и убиец, и веројатно ќе биде заснована на стрипот на Алан Мур и Брајан Боланд – „Убиствената шега“.
Претходно, се шпекулираше дека улогата ќе му припадне на Џеред Лето, кој го глумеше Џокер во „Одредот на отпишаните“, но веројатно таа можност отпаѓа. Меѓу попoзнатите глумци што го толкуваа овој лик на психопат се и Џек Николсон, Сезар Ромеро, Maрк Хамил, а Хит Леџер доби и „оскар“ посмртно, за улогата во филмскиот хит „Мрачниот витез“ од 2008 година.
Новиот филм е сѐ уште во претпродукција, а премиерата првично е најавена за наредната 2019 година.