Стивен Најт, творецот на ТВ-серијата „Жилетите од Бирмингем“, открива дека приказната за озлогласеното семејство Шелби ќе има две сезони повеќе од предвиденото.

Најт моментно работи на петтата сезона на оваа гангстерска серија на Би-би-си, па, како што вети, во серијата и натаму ќе го гледаме Килијан Мерфи, во улога на главниот лик Томи Шелби.

– Шеста сезона сигурно ќе има, а веројатно ќе направиме и седма. Разговаравме со Марфи за неговата улога и тој е согласен – рече Најт.

Тој претходно навестуваше дека серијата ќе има само пет сезони, објаснувајќи, меѓу другото, дека „се доволни шест епизоди за да ја раскажат целината“.