Се претпоставува дека до 2050 година две од три лица ќе живеат во градовите. Имајќи предвид дека во градовите има поголем број луѓе што страдаат од ментални болести, научниците ја истакнуваат важноста да останат во близината на водните површини во борбата против овој проблем.
Научниците од Универзитетот во Глазгов спроведоа систематско истражување и извршија метаанализа на сите докази за тоа како синиот воден простор има позитивно влијание врз здравјето на луѓето. Откриле дека водата го намалува нивото на стрес и вознемиреност кај луѓето, што е особено важно знаење за сите оние што живеат во градовите, бидејќи во градот има поголем број луѓе што страдаат од ментални болести. Како што забележуваат истражувачите од Универзитетот во Глазгов, сево ова е последица од пренатрупаноста, загадувањето на воздухот и недостигот од социјална поддршка.
Се претпоставува дека до 2050 година две од три лица ќе живеат во градовите. Затоа е многу важно да се истакне дека повеќе водни површини во градовите ќе го зачувуваат менталното здравје на нивните жители. Тоа е исто така еден од начините за подобрување на квалитетот на животот, намалување на загадувањето и температурата на воздухот, според Светскиот економски форум (СЕФ).

Познато е дека растенијата и дрвјата, особено оние близу вода, произведуваат хемикалии наречени фитонциди. Кога ги вдишуваме, бројот на бели крвни клетки се зголемува, што нè штити од болести или инфекции. Затоа, поминувањето време надвор покрај вода е природен стимул за нашиот имунолошки систем.
Терминот „син ум“ се однесува на медитативната состојба во која влегува умот кога сме покрај вода. Научниците откриле дека гледањето во вода и уживањето во неа го преплавува мозокот со допамин. Што значи дека луѓето изложени на вода често се порелаксирани и посреќни.
Водата исто така може да биде многу терапевтска. Вклучување во едноставни активности, како што се риболов или пешачење може да помогне во намалување на стресот и борба против негативните ефекти на посттрауматското стресно нарушување. Особено ако се борите со анксиозност или депресија, водата може да ви биде од голема помош во надминување на тешките несакани ефекти поврзани со овие состојби.
Живеењето покрај вода и уживањето на отворено, исто така, влијаат на животниот век. Поминување дури и умерено количество слободно време покрај вода и лесна физичка активност, вклучувајќи и пешачење покрај плажа или собирање школки, може да го зголемат животниот век.