Кучињата се меѓу најпопуларните домашни миленичиња. Тие се лојални, но може да направат голем хаос во домот. Со лошото однесување, кученцата честопати го оштетуваат домаќинството и сè што ќе им се најде на патот.
Новата студија, спроведена од „мани.ко.ук“ (money.co.uk), ги анализираше одговорите на сопствениците на кучиња, пренесува „Стафордшир лајф“.
Тие се обиделе да откријат кои раси предизвикуваат најголем хаос во домот, копајќи по тревници, гризејќи го мебелот или користејќи го тепихот како тоалет.
Раси што сакаат да џвакаат сè што ќе најдат: бордер коли, германски овчар, териер, бигл и стафорд.
Раси што најверојатно уринираат таму каде што не треба: лабрадор, шицу, бордер коли, јазовичар и мопс.
Раси што најмногу сакаат да уништуваат: бордер коли, лабрадор, германски овчар, бултериер и бигл.
Раси што сакаат да копаат по тревници и градини: шицу, бигл, териер, лабрадор и бултериер.