Кај некои домашни миленици, особено кај мачките и кучињата, одредени домашни растенија може да предизвикаат здравствени проблеми.
Филадендрон: ова е едно од најпопуларните украсни домашни растенија. Но треба да се знае дека неговите големи лисја не се јадат и нивното гризење кај милениците може да предизвика иритација на усната празнина и на јазикот, но и проблеми со голтањето, прекумерна плунка и повраќање.
Алое вера: иако ова растение има чудесна моќ кога станува збор за здравјето и негата на човечката кожа, тоа може да создаде голем број проблеми кај домашните миленици – од повраќање, дијареја и треперење до депресија кај мачките и кучињата.
Цикас палма: цикас или лажна палма е украс на многу градини на Медитеранот, но таа може да предизвика сериозни проблеми за вашето куче или мачка. Грицкањето на ова опасно растение може да предизвика повраќање, крвавење во стомакот, проблеми со крвта, откажување на црниот дроб, но и фатален исход, па затоа треба да се чува подалеку од домашните миленици.
Лилјан: лилјаните со долги листови и ориенталните хибриди на лилјани што растат од луковица може да предизвикаат откажување на бубрезите кај мачките, но не и кај кучињата.