Мавтањето со опашката не значи секогаш дека кучето е среќно

Малку работи се поубави од чувството кога ќе се вратите дома и вашето куче ве пречекува со весело мавтање на опашката, но експертите за ваквото однесување велат дека мавтањето со опашката не значи секогаш дека кучето е среќно.
– Кучињата изразуваат емоции со опашките. Но додека ние луѓето сметаме дека нивното мавтање со опашката значи среќа, тоа всушност може да е само знак на возбуда кај миленикот – објаснува експертката за однесување на кучињата Катја Краус за германската новинска агенција ДПА.
Ако сакате точно да одредите што се случува, обрнете внимание на висината на опашката и колку брзо се движи, тоа исто така ќе ви открие дали кучето е среќно, исплашено или агресивно.
Се смета за правило дека чувството на напнатост е поврзано со интензитетот на мавтањето на опашката, колку побавни и понежни се движењата на опашката, толку помалку напнатост чувствува кучето. Работите се различни ако опашката се движи побрзо и не мавта во широк опсег. Затегната опашка што стои исправена и прави мала промена значи конфликт, па дури и повеќе – исправена опашка што престанува да се движи.
– Среќните кучиња обично мавтаат со опашката што е висока и речиси прави кругови во воздухот – вели Краус.