Бордер коли се енергични кучиња и одлични трагачи

Неуморни херои во помагањето во областите погодени од земјотресот во Петриња, Хрватска, беа и кучиња трагачи што спасуваа луѓе заробени под урнатините. Сите раси се погодни за ваква обука, како и мешаните раси, но ретриверите, бордер коли и белгиските овчари најчесто се користат како кучиња трагачи. Токму бордер коли се сметаат за најпаметни кучиња во светот. Тие можат да научат нова команда за помалку од пет повторувања и да ја следат со најмалку 95 отсто. Покрај тоа се и прекрасни миленичиња.
Познати по својата агилност, интелигенција и покорност, овие кучиња ќе сторат сѐ за да му угодат на својот сопственик и да го олеснат тренингот. Неверојатно интелигентно и полно со енергија, ова куче постојано бара хоби и цел и е исклучително поврзано со луѓето. Сепак, треба да се знае дека тие ќе бидат најсреќни со луѓе што имаат исто толку енергија како нив. Значи, ова е куче што со задоволство ќе оди на активности на отворено со сопственикот. Како вистински спортист меѓу кучињата, тоа е исклучително енергично куче што бара добар тренинг за да се ослободи од вишокот енергија и за да се умори.