Четири најмали раси на кучиња – идеални за во стан

Кучињата со мал раст се идеален избор за семејства што живеат во стан. Освен што совршено ќе се вклопат во просторот, можете да ги носите секаде со вас. Тие добро се согласуваат со деца и се претежно мирни по природа, но, како и сите кучиња, тие бараат многу грижа и љубов. Овие четири раси се сметаат за најпогодни за живеење во помали домаќинства.

Померанец: померанците се многу мили, но повремено може да прават бучава. Тие добро се согласуваат со деца, но најмногу кога децата се со нив уште од времето кога биле мали кученца. Тие се многу лојални и заштитнички настроени.
Чивава: чивавите се сметаат за најмала раса на кучиња во светот. Како и померанците, овие кучиња се лојални и заштитнички настроени, но имаат специфичен карактер и многу лаат.

Мопс: ова куче е многу симпатично и харизматично, а и пријателски расположено. Иако има мускулесто тело, мопсот е со низок раст и токму тоа го прави уникатен. Поради рамната муцка, потешко му е да дише и ‘рчи во текот на ноќта, што може да им пречи на оние што имаат проблеми со спиењето.
Јоркширски териер: оваа раса лесно се вклопува во секое домаќинство. Тие се одлични чувари, лојални се и грижливи. Тежат до 3,2 килограми и бараат многу шетање и активности.