Кој повеќе го сака сопственикот, кучето или мачката?

Од необјасниви причини, многумина мислат дека кучињата се топли во покажувањето љубов кон луѓето, а мачките ладни и воздржани. Истражувањата покажаа дека мачките се приврзани еднакво со нивните сопственици, па дури и повеќе од кучињата. За мачките се зборува сѐ најлошо, дека не сакаат да се галат, дека го избегнуваат сопственикот, нервозно ги движат опашките во присуство на сопственикот и слично.
Докторката Кристин Витале од Универзитетот во Орегон спроведе обемно истражување во кое заклучи дека мачките што се под стрес се кријат од сопствениците, но повеќето мачки го прават спротивното, тие бараат заштита од сопствениците.
Испитани биле 38 мачки до една година старост, бидејќи ги интересирало дали мачињата биле под стрес во присуство на сопственикот. Резултатите биле исти – две третини одлично го издржале стресот, а другите не. Истражувачите сигурно би биле шокирани доколку не го направеле истиот тест со кучиња, кои се однесувале на ист начин. На крајот, тие биле многу задоволни од резултатот, бидејќи истражувањето покажало дека мачките се исти како и кучињата.