Зошто вашето куче често лае

Кога друго животно или лице ќе дојдат на нивна територија, кучињата имаат потреба да заштитат, а тоа го прават со лаење. Во тој случај, најдобро би било да го тргнете кога знаете дека ви доаѓа поштар, доставувач или некое лице што вашето куче никогаш не го видело. Исто така, понекогаш лаат од звук што ги плаши, пишува „Пинк вила“.
Кога ќе останат сами дома малку подолго, кучињата исто така почнуваат да лаат. Причината е многу едноставна, досадно им е и тоа ги прави нервозни и несреќни. Исто така е поврзано со вознемиреност и осаменост. Покрај тоа, кога ве поздравуваат вас, другите кучиња или вашите гости, тие мора да го сторат тоа со лаење. Едноставно, тоа е нивниот начин на комуникација.

Треба да ги научите уште од рана возраст дека не треба да лаат на секого и дека мора да имаат некаков ред. Ако сакате да го намалите прекумерното лаење, никогаш не викајте му на вашето домашно милениче. Само ќе изгубите енергија и нерви, а тие нема да престанат. Најдобро е да им приоѓате смирено и мирно да комуницирате со нив. Кучињата можат да разберат и да научат некои кратки зборови и нивното значење, како што се „застани“, „не“, „дојди“.