Лавовите се плашат од боцкаво прасе и од јазовец

Она што помалку го знаеме за лавовите е дека живеат во матријархат. Кога ќе ги погледнете мажјаците и нивните силни гриви, ќе помислите дека тие го одржуваат чопорот. Всушност, женките се тие што ловат и ги одгледуваат младенчињата. Мажјаците обично се мрзливи и деновите ги поминуваат излежувајќи се на сонце, додека жените одат на лов за да обезбедат плен за семејството.
Најголемите непријатели на лавот се ловците. Во минатиот век, тие ја намалија популацијата на овие диви мачки од 200.000 на 20.000. Во дивината, пак, лавовите попрво ќе се борат со слон или крокодил отколку да влезат во судир со боцкаво прасе. Тие се плашат од неговите боцки. Стравуваат и од месојадниот јазовец, кој иако е мал, има брутален метод за да го победи лавот во битка. Овој јазовец со еден гриз може да го кастрира лавот.

Лавовите трчаат само во права линија. Ако неговиот плен ненадејно го промени правецот, лавот ќе трча директно неколку секунди пред да го сврти телото во друга насока за да продолжи во права линија. Ова објаснува зошто лавовите тајно демнат плен за да можат да се приближат што е можно поблизу пред да го нападнат.