Храна штетна за здравјето на вашите миленици

Постојат некои намирници што не треба да им ги давате на вашите миленици.
Кучињата и мачките треба да избегнуваат грав. Главниот проблем со конзервираниот грав е тоа што содржи конзерванси и соли што се опасни за домашните миленици.
Најголеми љубители на туната се мачките, но дури и кучињата понекогаш можат да ја сакаат. Дури и ако вашата мачка го бара тоа, не треба да ја храните со конзервирана туна, бидејќи може да содржи жива, која може да биде токсична за вашата мачка, како и за кучето.
Кучињата обично сакаат путер од кикирики, но,некои производители во него додаваат ксилитол, кој е токсичен за нив. Ксилитолот може да предизвика откажување на црниот дроб кај домашните миленици.
Треба да се избегнува да им се даваат големи количества млеко на кучињата и мачките. Млекото содржи масти што можат да доведат до дебелина. Покрај тоа, давањето полн сад млеко на кучињата и на мачките може да доведе до дијареја, вознемирување на желудникот и повраќање.
Бадемите генерално не се забранети, но има и некои ризици доколку им ги дадете на вашите миленици. Консумацијата големи количества бадеми дневно кај миленичињата може да предизвика вознемиреност во стомакот, дебелина и панкреатитис.