Многупати е пишувано дека сетилата на мачките се супериорни во однос на човечките сетила, така што не треба да бидете изненадени, иако сепак е фасцинантно тоа што мачките можат да ги предвидат временските промени и да го најават невремето.

Затоа, научниците советуваат да го следите однесувањето на вашите домашни миленици, бидејќи тие може да бидат поточни во предвидувањето на времето од метеоролозите. Имено, со своите сетила мачките можат да чувствуваат промена на воздушниот притисок (најчесто ако значително падне), а за време на нивниот соживот со луѓето научиле дека тоа е речиси сигурен знак дека ќе има грмежи. Исто така, ако веќе почнало невреме во другиот дел од градот, нивниот чувствителен слух може да го детектира тивкиот звук на грмењето во далечината.

Мачките можат да го намирисаат и пристигнување на дождот, притоа мирисајќи ги гасовите во воздухот, кои потсетуваат на мирисот на метал произведен од празнењето на електрична енергија при удар на гром и молња.