За кучињата обично се вели дека им се полојални на луѓето отколку мачките, но истражувањето спроведено на американскиот Универзитет во Орегон вели поинаку. Научниот тим предводен од д-р Кристин Витале спроведе истражување над 79 мачиња и 38 возрасни мачки. Најпрво тие биле сместени со сопственикот во истата просторија во која сопственикот седел во обележан круг. Ако мачката влезе во кругот, тој ќе започне да комуницира со неа и по две минути ќе си замине. По неколку минути повторно ќе се врати во собата и ќе седне во кругот.

Според истражувањето, 64,3 отсто од мачињата покажале сигурна приврзаност кон луѓето (тие биле опуштени во нивно друштво без оглед на околината), а 35,7 проценти пак покажале т.н. несигурна наклонетост, односно покажале радост кога сопственикот се вратил и притоа не се одвојувале од него или целосно го игнорирале. Возрасните мачки се однесувале слично – 65,8 проценти покажале сигурна приврзаност, а 34,2 проценти биле несигурни.
Степенот на наклонетост кај мачките е малку повисок отколку кај кучињата. Ова е индикација дека мачките му се лојални на својот сопственик и се силно поврзани со него.