Кога ќе дозволите вашето куче да спие заедно со вас во креветот, кога го тренирате, се грижите за него и му посветувате многу време, тогаш меѓу вас се формира силна врска. Каква било позитивна активност со вашиот миленик помага неговата љубов кон вас да расте.

Кучињата се социјални суштества и не можат да живеат без внимание од луѓето. Покрај многуте луѓе што ги има кучето во животот, тоа избира и една посебна личност, на која ќе ѝ даде најмногу љубов и внимание. Оваа поврзаност е многу важна за кучињата, толку многу што тие се чувствуваат љубоморно ако ја гледаат својата омилена личност со друго животно.

Ако живеете во големо семејство, вашето куче може да има неколку луѓе што му се омилени. Сепак, тоа ќе има најсилна врска со лицето што најмногу се грижи за него. Многу е едноставно – колку повеќе давате, толку повеќе добивате.

Како што може луѓето да изберат личност чиј карактер им одговара, истото тоа го прават и кучињата. Ако обрнете внимание на кучињата и нивните сопственици, во повеќето случаи тие личат едни на други. Енергичните кучиња претпочитаат активни луѓе, додека смирените и мрзливи кучиња претпочитаат да го поминуваат своето време со опуштени и мирни сопственици.