Нега и убавина

Шминката може да ја поправи нашата самодоверба, како во приватниот живот, така и на работното место. Некои истражувања утврдија дека нашминканите жени се подобро платени. Сепак, нанесувањето шминка на лицето има и свои лоши страни. Имено, најновите истражувања утврдија дека жените со силна шминка немаат силни лидерски способности.
Според студијата на универзитетот „Аберти“ во Шкотска, помалку е веројатно дека тие ќе станат лидери. Во студијата, во која учествуваа 150 жени, бил проценет изгледот на женското лице, односно кои жени имаат предиспозиции за лидери. Тие утврдиле дека жените со премногу шминка на лицето не биле подготвени да бидат предводници.
Причината може да биде тоа што силната шминка се поврзува со дружење, забава и ноќни излегувања, а помалку со одговорност и сериозност. И неодамнешна студија направена на универзитетот „Харвард“ покажува дека иако козметиката помага жените да се чувствуваат комплетно, драматично или гламурозно, изгледот може со текот на времето да предизвика да изгледаат несигурно и неамбициозно.