Пред 37 години Стивен Спилберг го сними еден од своите најдобри филмови, легендарниот семеен филм за довербата, храброста и силното пријателство. Инспирацијата за еден од најпознатите и најемотивни филмови „Е.Т.“, Спилберг ја добил на 15 години. Всушност требало да се вика „Созревање“ и сакал да ја опфати изолацијата што режисерот ја чувствувал како Евреин во Аризона по разводот на неговите родители.

Тоа чувство на изолација му е доделено на еден симпатичен карактер многу години подоцна, кога Спилберг се запознал со Мелиса Матисон, авторка на сценариото.
Од првичниот приказ на „E.T.“ доби само позитивни критики. Со четирите освоени „оскари“ и пет други номинации е еден од најдобрите и најмоќните филмови на сите времиња.

– Тоа е филм што од сите што ги имам режирано го имам изгледано најмногу пати, затоа што сите мои деца обожаваа да го гледаат, и секогаш е добро татко им да е до нив, бидејќи децата на почетокот имаат некаков страв поради тоа што Е.Т. изгледа различно – изјави Спилберг.