„Ејч-би-о“ го објави официјалниот трејлер за хумористичната вселенска серија „Авенија 5“, во која глуми фантастичниот Хју Лори, најпознат по улогата во „Доктор Хаус“. Серијата е во режија на Армандо Ланучи, познат шкотски сатиричар, а Лори го толкува капетанот Рајан Кларк, кој е сопственик на луксузниот вселенски брод „Авенија 5“.

Дејството на серијата почнува кога неговиот брод одеднаш се расипува и тој ќе мора да го собере екипажот за да ги обезбеди патниците. Меѓутоа, спасувањето ќе се претвори во комична паника и расправии. Работите ќе тргнат на лошо до тој степен што екипажот ќе мора да побара помош од НАСА.

– Вселенскиот капетан Рајан Кларк од Авенија 5 се обидува да се смири со другите во вселенската индустрија – се наведува меѓу другото во описот на филмот.
Како што неодамна изјави Ланучи, во серијата, всушност, станува збор за луѓе што немаат ништо заедничко, освен тоа што патуваат заедно во вселената и се обидуваат да се справат едни со други.

Покрај Лори, во серијата глумат и Џош Гад, Сузи Накамура, Зак Вудс, Ребека Фронт, Итан Филипс, Ники Амука-Брд и Химеш Пател.
Премиерата е закажана за следната година, а првата епизода ќе се прикажува на 19 јануари.