Ештон Качер и Мила Кунис

Богатството на славниот актер Ештон Качер се проценува на околу 200 милиони долари, пишуваат американските медиуми.

Качер заработил многу пари од неговите телевизиски и филмски улоги. Неговата сопруга Мила Кунис, пак, „тежи“ 55 милиони долари.

Покрај заработката од глума, Качер заработува пари и како инвеститор во стартап- компании и во компании за создавање на нови производи.

Качер и Мила имаат две деца – петгодишна ќерка Вајат и тригодишен син Димитри. Качер не сака неговите деца да растат разгалени и затоа планира да ги подари своите пари за добротворни цели.