Медицински совет

Сезоната на настинки и грипови почна, па затоа треба да си го подобриме здравјето и со витамини и минерали.
Витамин Д: го добиваме преку сончевата светлина и треба да го собереме доволно од мај до ноември. Меѓутоа од октомври и во текот на следните месеци на нашето тело му е потребна мала помош за да го дополни потребното количество, кое е околу 10 микрограма дневно. Овој витамин е потребен за регулација на калциумот и фосфорот, за да имаме здрави коски, заби и мускули. Неговиот недостиг може да предизвика депресија, замор, болка и слабост во мускулите.
Витамин Ц: ги одржува клетките здрави, заедно со кожата, крвните садови и ‘рскавицата. Исто така помага при зараснување на раните. Но и прекумерното земање може да биде штетно, па затоа се препорачува 40 милиграми на ден за возрасни лица.
Магнезиум: овој минерал му помага на имунолошкиот систем и ја претвора храната во енергија. Се препорачува да се зема во текот на целата година, а не само за време на есента и зимата. Ниското ниво на магнезиум може да предизвика висок крвен притисок и ниска толеранција на гликоза, како и проблеми со менталното здравје.