Најголемиот музички хепенинг, создаден за сите љубители на фестивалите, „Ентер фест“, започнува на 29 мај и ќе трае до 2 јуни, а ќе се одржува во надворешниот и внатрешниот дел на спортскиот центар „Борис Трајковски“.

На двете сцени ќе настапуваат добро познати музички имиња од нашата музичка сцена и од целиот регион.

На сцената на „Ентерфест“ ќе настапат: Ера Иштрефи, Ван Гог, Бед Копи, Дивље Јагоде, Дадо Топиќ, Партибрејкерс, Тамара Тодевска, Атомско Склониште, ПМГ, Гоце Саф, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Ај Кју, Фолтин и уште 70 други изведувачи.

Петдневната фестивалска еуфорија има за цел да ги соедини сите љубители на музиката и да понуди програма за сите вкусови и возрасни граници, па поради тоа, репертоарот на „Ентер фест“ изобилува со најразлични музички правци.