Епл Мјузик одделението на американскиот гигант „Епл“ соопшти дека ја достигна бројката од 48 милиони претплатници на сервисот за емитување на музика и видео спотови.

„Епл“ воедно соопшти дека Оливер Шусер, кој во изминатите 14 години држеше разни позиции низ компанијата, ќе биде потпретседател на компанијата задолжен за Епл Мјузик.

„Епл“ е во трка со „Спотифај“ за музичкиот пазар. Спотифај има 71 милиони претплатници, од кои дел се само регистрирани со компанијата. Епл Мјузик, пак, соопшти дека од регистрираните 48 милиони претплатници, 40 милиони се активни, односно плаќаат за услугата. Двете компании нудат претплата од 9 долари и 99 центи месечно.