Според истражувањето на „Коунтерпоинт рисрч“, „Епл“ е лидер по заработка на пазарот на мобилни телефони, иако Андроид има многу поголем број корисници во споредба со ИOС.
Според извештајот, во текот на вториот квартал од оваа година, „Епл“ остварил 75 проценти од оперативните приходи на пазарот на телефони и 40 проценти од вкупните приходи. Порталот „Бенчмарк“ потсетува дека „Епл“ држи само 13 проценти од глобалната испорака на мобилни телефони.
„Коунтерпоинт рисрч“ посочува дека причината за ова е силната марка на компанијата, бидејќи моделите на Ајфон, и покрај високите цени, сепак се купуваат од корисниците.
Според цитираниот извештај, приходите се за 40 проценти помали во споредба со постигнатото во последниот квартал од минатата година, кога уделот на приходите на „Епл“ на пазарот на телефони достигна 50 проценти.
Овие пресметки и бројки не се официјални затоа што „Епл“ не споделува податоци за продажбата или испораката на своите телефони Ајфон – наведува „Бенчмарк“.